×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Поединци и фирми номинирани за Ноемвриска награда

    06.11.2012 14:21 | KumanovoNews

     Вкупно 19 правни субјекти и поединци се предложени за Ноемвриската награда, која се доделува секоја година како највисоко општинско признание.

    Поединци и фирми номинирани за Ноемвриска награда

    Во трката за оваа награда меѓу кандидатите има писатели, здравствени установи, невладини организации, новинари, просветни работници и други.

    Од областа култура предложени се писателите: Бобан Богатиновски и Божана Трајковска, претседател на Друштвото на писателите Куманово. Од воспитно - образовната дејност номинирани се Мерилин Стојчевска директорка во ОУ “11 Октомври“, Џулијана Илиевска учителка во ОУ “Вук Караџич“, Драган Илијевски и Мухамед Зекири. Од невладините организации во конкуренција е “Центар за меѓукултурен дијалог“. Од областа на спортот предложен е Драган Ристиќ, од уметноста слиикарот Момчило Аврамовски, од пензионерите Спиридон Николовски, од новинарите Татјана Антиќ, од безбедноста Виктор Димитриевски, Кирчо Соларски од здружението „Коледари„  и Ѓорѓи Спасовски за достигнувања во катастарско работење и урбано уредување на градот. На листата се најдоа и угостителските објекти ДПТУ “Колди“ Горан ДООЕЛ, кебапџилница “Корнер“ и етно ресторанот “Баба Цана“. Номинирани се и Водостопанство “Кумановско - Липковско поле“, чевларската фабрика “Биана“ и ПЗУ “Зана“.

    Кој ќе ја добие престижната награда ќе одлуат членовите на Комисијата за доделување на награди и признанија при Советот на Општината, а наградите ќе бидат доделени на Свечената седница, која ќе се оддржи  на 11 Ноември на Денот на ослободувањето на Куманово.