×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Поети од повеќе градови читаа поезија

    16.05.2014 11:36 | KumanovoNews

    Поети од повеќе градови, членови на групата “Поезија за душа“ денеска читаа поезија во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“.

    Поети од повеќе градови читаа поезија

    Пред кумановци со свои творби се претставија автори од Куманово, Струмица, Кавадарци, Гостивар и Кочани. Целта на ова поетско читање е да се популаризира и промовира пишувањето поезија.

    Групата е формирана на социјалната мрежа фејсбук и така сите сплотени се собравме, се договоривме да направиме една поетска дружба. Гостите ќе читаат по една или две песни. Некои од авторите допрва почнуваат да пишуваат, а некои се веќе афирмирани и имаат издадено повеќе книги - вели Даница Петровска, поетеса од Куманово.

    Основачот на групата “Поезија за душа“ е Милица Паулус по потекло од Кавадарци, а живее и твори во Германија.

    Пишувам поезија многу одамна, имам своја замисла и креативност.  Познавам доста поети кои добро пишуваат и сакав да соработуваме, затоа сакав своја група за да се подигне поезијата и во Македонија на едно повисоко ниво. На германски имам четири книги, две за деца и две за млади и во пет антологии имам раскази и песни. Две збирки се готови на македонски јазик и почнав роман на македонски да пишувам - изјави Паулус.

    Ова е второ дружење на поетите од групата “Поезија за душа“ и нивна желба е во иднина да објават и групна збирка.