×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Поетско- музички перформанс „Тишината на тешкото“ во Центарот за култура во Куманово

    20.11.2024 11:16 | Оливера Пешевска

    Во малата сала на Центарот за култура, вечерва во 19 часот ќе се одржи поетско-музички перформанс „Тишината на тешкото“, осврт на делото на Блаже Конески, но и на фолклорните танци како нематеријално културно богатство.

    Поетско- музички перформанс „Тишината на тешкото“ во Центарот за култура во Куманово

    Идејата била на еден поинаков, уметнички начин да се одаде почест на Конески, кој има напишано многу дела, а најчесто инспирација црпел од од народното творештво, од митското минато на нашиот народ, од историјата, легендите и љубовта.

    „Со колегата Дени Синадиновски имавме идеја да организираме вечер со фолклорни елементи, но не на оној класичен начин и настап на играорна група, туку нешто поразлично. Така и ја создадовме „Тишината на тешкото“ како симбиоза на поемата на Конески и најпознатото македонско оро. Актерката Сара Спиркоска ќе интерпретира дел од поезијата и делото на Блаже Конески, а балетските уметници Сара Цветковска и Бобан Русески, преку танц ќе претстават дел од македонскиот фолклор. Очекуваме интересна вечер, за која имаме верба дека ќе и се допадне на публиката“, истакна директорот Сашо Тодоровски.

    Ова е еден од последните програмски проекти на НУЦК „Трајко Прокопиев“ за тековната година.  Проектот е организиран под покровителство на Министерството за култура и туризам.