Поезија и драма на “Илинденски секавици“
Поетска манифестација “Илинденски секавици“ ќе се одржи вечерва и утревечер во ресторанот Версус.

Со свои поетски творби ќе се претстават шест поети од литературен клуб “Обденица“.
- Ќе има и модна ревија со деца од 5 до 14 години со наслов “Што се носи ова лето“. Ова го организиравме сами, без спонзори. Нашите членови подготвија театарска претстава “Слава Свети Илија“ во чест на празникот на кумановски дијалект, а текстот го напиша Гордана Поповиќ - рече Зора Ивановска, претседател на “Нада Михајлова“.
Вечерва манифестацијата почнува во 20, а во утревечер во 22 часот, во организација на здружение на жени “Нада Михајлова“ и поетски клуб “Обденица“.