Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Културно-информативниот центар на Србите во Македонији - „Спона“, организира хуманитарна акција „Поклони радост“ за собирање на пакетчиња и парични средства за децата од социјално ранливите семејства.
Акцијата ќе се одвива секој ден во кафулињата „Кафе бар Трговски“ во населбата Гоце Делчев и „Агора“ во трговскиот центар „Гарнизон“.
„Целта на оваа акција е да ја потикнеме хуманоста и емпатијата во локалната заедница. Оваа криза ги погоди сите граѓани, но сепак има доста хумани луѓе кои можат да помогнат на тие што најмногу им е потребно. Затоа вниманието го посветуваме кон најмладите, кои посебно ќе се израдуваат на подароците и пакетчињата во празничните денови. Ги повикувам сите наши хумани сограѓани да се приклучат кон оваа акција и да помогнат со донирање на пакетчиња или парични средства во овие два локала. Верувајте ми, ќе се чувствувате пресреќно кога ќе знаете дека сте помогнале некому и сте израдувале некое детенце“, - вели Јадранка Ташевска, од Спона.
Таа додава дека се презадоволни од одзивот на граѓаните за акцијата и се надева дека тој тренд ќе продолжи и во наредниот период. Хуманитарна акција „Поклони радост“ веќе девета година се организира во Скопје, а за првпат во Куманово.
(С.Н.)