Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Вработените во СВР Куманово денеска организираа крводарителска акција. Се работи за редовна акција во која беа соберени над 30 крвни единици.
Ние не сме само институција која е сервис на граѓаните, туку и хумани луѓе кои сакаме да помогнеме на болните лица и на оние на кои им е неопходна крвта.Одзивот на вработените е секогаш доста добар. Досега имавме двесетина дарители, а очекуваме до крајот на акцијата да дојдат и преостанатите колеги-вели Виолета Богдановска, началничка во Одделот за превенција.
СВР Куманово годишно организира по три редовни крводарителски акции, а по потребите на Заводот на трансфузиологија се вклучува и во вонредни крводарувања.