×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Полицајци и родители шетаа по кафулиња

    21.07.2012 16:46 | KumanovoNews

    Почна проектот со кој се предвидува родители и полицајци да одат во обиколка на ноќните клубови со што ќе се намалат девијантните појави кај младите и ќе се сузбијат пороците.

    Полицајци и родители шетаа по кафулиња

    Синоќа во Куманово пет родители и тројца полицајци ги посетија кафулињата во градот. Угостителите велат дека малолетниците се снаоѓаат да дојдат до алкохол , иако по 19 часот нив не смее да им се точат алкохолни пијалоци.

    Ги посетивме не само во угостителските објекти туку и околината, паркот, улицата каде што се собираат. Да видат и да согледаат во какви услови се нивните деца во тој ноќен живот и според она што ќе го забележат  понатаму да ги насочуваат, кои места да ги посетуваат и каде да го поминуваат летниот распуст - рече Виолета Богдановска од Оддел за превенција при СВР Куманово.

    Проектот се спроведува на државно ниво. Следната недела  полицијата ќе го набљудува ноќниот живот во Струмица и Штип.