×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Полицијата приведе осуммина осомничени за тероризам - петмина од Куманово

    28.12.2020 13:36 | KumanovoNews

    Полицијата вчера приведе осум лица осомничени за тероризам, соопшти Министерството за внатрешни работи.

    Полицијата приведе осуммина осомничени за тероризам - петмина од Куманово

     Против приведените Б.Ф. (32), Б.Г. (27) и Ј.К. (25) од Скопје и И.М. (22), Д.А. (21, ) Р.А. (31), С.И. (31) и А.С. (21) од Куманово, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „терористичка организација“.

    „Б.А.од Куманово создал терористичка организација во која покрај претходно притворените В.А. и Е.Љ.членувале и сега приведените врз основи на идеолошката матрица на терористичка организација ИСИС за извршување на убиства и уништување на јавни објекти со намера да се создаде чувство на несигурност или страв кај граѓаните. За остварување на таа намера членовите на групата преземале повеќе подготвителни дејствија, обезбедувале финансиски средства и набавиле оружје, муниција, воена опрема, изработиле импровизирани експлозивни направи и потоа изведувале пробни испалувања и активирање на импровизираните експлозивни направи и оружјето кое што го набавиле. Членовите на терористичката група за меѓусебна комуникација претежно ја користеле интернет платформата „Вотсап“ каде меѓудругото го договарале начинот на транспорт на оружје и начинот на изработка на самоубиствени појаси“, се вели во соопштението на МВР.

    Од МВР велат дека Б.Ф. учествувал и во паравоени формации надвор од територијата на Република Северна Македонија, како припадник на терористичка организација ИСИС во Сирија.

    „Пронајденото оружје и минско експлозивни средства на 27.08.2020 година во непосредна близина на м.в. Менкова колиба, Куманово, за кое на 31.08.2020 година кривично беа пријавени Б.А., В.А. и Е.Љ., според количината и намената укажува дека делувала повеќечлена терористичка организација, при што со дополнително собраните докази е утврдено дека постоела директна комуникација, претходен договор и знаење за превземените дејствија помеѓу сите членови на терористичката организација“, додаваат од полицијата.