13.
01.
2021 11:05
Полицијата растури собир во барака на месната заедница Железничка станица

Во СВР Куманово вчера во 18.50 часот било пријавено дека во бараката на месната заедница во нас. Железничка станица во Куманово има група граѓани кои не ги почитуваат здравствените прописи за време на епидемија.
„Полициските службеници излегле на местото и во бараката биле затекнати шест лица со што било утврдено дека се работи за кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, - соопштуваат од МВР.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.