Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
По пријава од граѓани, полицијата синоќа растурила забава која се одржувала во куќа во Куманово, а имало дваесетина лица, меѓу кои и малолетници.
Полициски службеници од СВР Куманово, синоќа во 20.48 часот извршиле контрола во семејна куќа на ул.„Народна револуција“ во Куманово, сопственост на Е.Т.(37), при што било констатирано дека не се почитуваат мерките за спречување на ширење на ковид-19.
Во куќата била организирана забава и освен нејзините три ќерки, биле затекнати уште 10 полнолетни и 11 малолетни лица.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена пријава по член 206 од Кривичниот законик.