×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Полициски час од 20 часот, затворање на кафеанити, кладилниците, теретаните, одлучи Владата

    05.04.2021 13:23 | KumanovoNews

    Од утре стапува на сила полициски час од 20 часот до 5 часот, а ќе трае во наредните две недели до 20 април, соопшти премиерот Зоран  Заев.

    Полициски час од 20 часот, затворање на кафеанити, кладилниците, теретаните, одлучи Владата

     Тој рече дека воведувањето на новите мерки е резултат на потребата да се одморат здравствените работници, кои веќе една година деноноќно се борат со вирусот.

    „Мораме сите заедно да се вклучиме во справување со кризата, во време пред престојните празници. Бројот на новозаразени граѓани расте. Бројот на починати исто така. Ова е најголемото оптоварување на здравствениот систем досега“, рече Заев.

    Новите рестирктивни мерки предвидуваат и целосна забрана за работа на угостилелските објекти, како и оние коишто даваат угостителски услуги, хотели, мотели, пансиони и бензински пумпи. Тие можат да приготвуваат храна и да вршат онлај или телефонски нарачки и достава. Исклучок се аеродромите во Скопје и Охрид, и рестораните во хотелите, мотели и хостели само за гостите кои престојуваат во нив.

    Обложувалниците ќе работат само на шалтер, а целосна забрана за работа имаат казината, фитнес центри, спортски сали. Се забранува и одржување на семинари, работилници, курсеви.

    На земјоделците им се дозволува движење до нивите и пазарите.  

    Во време на забраната грѓаните можат да ги шетаат миленичињата до 22 до 23 часот.

    Останува на сила строгата забрана за групирање на повеќе од четворица граѓани.

    Ќе има зајакнати инспекциски контроли на терен за да се санкционираат прекршетилети на мерките.