Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Градоначалникот Зоран Дамјановски на утрешната седница на Совет треба да даде информација за превземените мерки и активности кон членовите на Советот, која е прва точка на дневен ред.
Оваа информација ја побара советникот Зоран Петрушевски на последната седница со образложение дека градоначалникот и општинската администрација се обидувале да дисциплинираат одредени членови на Советот. Точката се најде на дневен ред откако за неа гласаа и дел од советниците на СДСМ и нивните коалициони партнери, кои што тврдат дека се наоѓаат засегнати од однесувањето на градоначалникот.
Точка се темели на случувањата во последните месеци. По 69 седница градоначалникот на една локална телевизија вршеше политичка анализа на ликот и делото на поедини членови на Советот, при што упати одредени навреди и квалификации, а во однос на претседателот на Совето презема мерки и активности за негово професионално деградирање. Сметам дека законодавната власт, претставена преку Советот на Општината не смее да биде предмет на таков политички атак на извршната власт, затоа што градоначалникот со сите закони е должен да ги извршува одлуките на Советот. Може да не убедува и да не информира, но никаде не пишува дека по донесени одлуки кои не се по негово убедување, тој може да ги навредува и дискредитира советниците. Советот е највисок орган на власта во единица на локална самоуправа во делот на донесување на одлуки, а во делот на нивното извршување е градоначалникот со неговата администрација- рече Петрушевски.
Градоначалникот поради неодложни обврски минатата седница не одговори пред советниците, па точката на дневен ред се помест за утре кога се предвидени советнички прашања.
Дамјановски за Кумановоњус тогаш ги отфрли обвинувањата дека врши полички атак врз Советот и советниците.
Јас не сум преземал никакви активности, ниту сум донел одлука за смена на Цветковски од работното место. Тој сака да се претстави како жртва, но мислам дека му е погрешен патот и таквите работи се типични за едно минато време. Изјавата што ја дадов на локалната телевизија е мое лично мислење и за тоа ќе одговарам пред народот. Односите во Советот ги поставуваат партиите од мнозинството, а водењето на седниците е утврдено со деловникот на Советот. Овде не се работи за суспензија на демократски права, бидејќи работата на Советот е автономна и независна, а ниту една одлука не е поништена ниту суспендирана. Јас присуствувам на сите седници и покрај тоа што немам обврска. Ова денеска што го прават советниците за мене е нелогично и сами нека се преиспитаат што бараат. Јас немам никакво влијание ниту ингеренции на Советот- рече Дамјановски.
Поради најновиот развој на настаните во Советот се очекува утрешаната седница да биде жешка.