×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Помор на риби во Пчиња

    21.07.2015 14:02 | KumanovoNews

    Над 3 тони риба е затруена во реката Пчиња во близина на селото Орашац.

    Помор на риби во Пчиња

    Поморот го откриле рибарите вчера околу 6 часот, по што ги известиле надлежните институции и полицијата. Тие за масовниот помор ги обвинуваат надлежните во Пречистителнмата станица која работи во состав на ЈП Водовод Куманово, бидејќи испуштила непрочистена вода од канализацијата.

    Поради малиот водостој на реката секое зголемено количество на отрови во канализацијата го уништува рибниот фонд. Вчера кога дојдовме реката беше побелена со изумрена риба. Тоа се рибите од пролетното порибување. Срамота е секоја сезона да имаме еколошка катастрофа и никој да не одговара за тоа, - се жалат рибарите.

    Најмногу настрадала мрената, кленот, вардарката и други риби.

    Од јавното претпријатие Водовод, велат дека во недела од 15 до 20 часот имало прекин во снабдувањето со електрична енергија во селото Добошане, поради што станицата не работела и непрочистена вода се испуштала во реката.

    Доколку во тој пероиод се случил поморот тогаш тоа не е наша вина затоа што немавме струја, но не е исклучено и да е од нешто друго,-велат од ЈП Водовод.

    Од Инспекторатот за животна средеина излегле на терен и зеле мостри од водата и угинатите риби, по што ќе бидат познати причините за поморот.