Понеделник неработен ден - продолжен викенд за сите граѓани
08.10.2021 12:25
| Сузана Николиќ
Денот на народното востание - 11 Октомври е неработен ден за сите граѓани во државата, поради што ни претстојат три дена за одмор.

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците, понеделник на 11 октомври, кога се прославува Денот на народното востание, е неработен ден за сите граѓани.
Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните им го честита Денот на народното востание.