Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
23 Октомври - Денот на македонската револуционарна борба е неработен ден за сите граѓани.
Ова година празникот се паѓа во недела , па славењето се префрла за во понеделник 24 октомври и тој ден е неработен за сите граѓани во државата.
До крајот на годината останува уште еден државен празник тоа е 8 декември „Св Климент Охридски“ и тој е неработен за сите граѓани.
За оние од католичка вероисповед неработни се уште и 1 ноември Празникот на сите светци и 25 декември Божиќ.
За припадниците на албанската заедница неработен е 22 ноември Ден на албанската азбука,а на 21 декември оние од турската заедница ќе го прославуваат Денот на наставата на турски јазик.