×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Поевтинуваат бензинот и дизелот

    04.11.2024 16:05 | KumanovoNews

    Еуросупер бензините од 95 и 98 октани поевтинуваат за 1,5 денари за литар, Екстра лесното масло за 1 денар, а Дизел горивото за половина денар од вечерва на полноќ. 

    Поевтинуваат бензинот и дизелот

    Мазутот ќе се продава за цена пониска за 0,948 денари за килограм. Така одлучи Регулаторна комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на денешната седница, а намалувањето е во просек 1,64 посто.

    Највисоките малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт, изнесуваат:

    - Моторен бензин - ЕУРОСУПЕР БС - 95 - 75,50 (денари/литар)

    - Моторен бензин - ЕУРОСУПЕР БС – 98 - 77,50 (денари/литар)

    - Дизел гориво - ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) - 68,50 (денари/литар)

    - Масло за горење - Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) - 68,00 (денари/литар)

    - Мазут М-1 НС - 42,985 (денари/килограм)

    Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување- бензините за повеќе од 4 проценти, а кај дизелот намалувањето е над 1 посто.