×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Пописот е од витално значење за државата и треба сите да се попишат, велат од Владата

    29.09.2021 20:05 | Сузана Николиќ

    Според Државниот завод за статистика до синоќа до 20:00 часот се попишани 1.768.710 граѓани, 548.694 домаќинства и 795.494 станови. Во однос на дијаспората до изутрината се самопопишале 201.247 наши иселеници.

    Пописот е од витално значење за државата и треба сите да се попишат, велат од Владата

    „Апелираме до сите оние граѓани кои од кои било причини досега не успеале да остварат контакт со попишувачите, но и до оние граѓани кои во овие два дена нема да бидат дома, да ја остварат својата законска обврска во пунктовите за попишување во своите општини. Пописот е операција од витално значење за државата, за да може да се прават стратегии за развој. Оттаму, учеството во пописот е можност за секој граѓанин сам да придонесе во креирање на сопствената и заедничката иднина“, посочија портпаролите на Владата.

    На новинарско прашање за тоа дали ќе биде потребно дополнително време за пописот, тие посочија дека на вчерашната владина седница не се разговарало за ова и дека сите капацитети се насочени кон тоа да биде завршена операцијата во законскиот рок, односно до утревечер.

    „Секако последниот збор ќе има Државниот завод за статистика. Она што се информациите оттаму е дека на неполни два дена до завршувањето на теренското попишување на целата територија на државата се прават финални проверки за евентуално пропуштени граѓани и веќе се затвораат пописните кругови, во Скопје каде што има најголема концентрација на население сите расположливи капацитети на попишувачи се на терен и ги посетуваат домаќинствата кои досега не биле посетени. Ова активност ќе се спроведува до самиот крај на пописот, тоа е до утре, четврток до 20:00 часот“, посочија портпаролите.