Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во последните три дена од пописот на населението, домаќинствата и становите во Македонија, пописните активности на терен се одвиваат непречено и во одредени пописни реони со зголемен интензитет.
„Помалите пописни реони низ државата веќе завршуваат со попишување на населението и се прават последни завршни проверки“, соопштува Државниот завод за статистика.
Во одредени урбани средини интензитетот на попишување се зголемува, се вклучуваат дополнителни попишувачи за да може да се посети секое домаќинство и никој да не биде пропуштен.
Државниот завод за статистика со сиот расположлив потенцијал работи непрекинато и според утврдените рокови предвидени во Законот за попис.