×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Поплавите направија штета од 13 милиони денари

    11.03.2015 14:33 | KumanovoNews

    Вкупно 12.9 милиони денари чинат штетите предизвикани од поплавите, кои кумановско го зафатија во јануари и февруари годинава.

    Поплавите направија штета од 13 милиони денари

    Поплавени беа ниви, куќи, помошни простории во селата Клечовце, Јачинце, Довезенце, Доброшане, Пчиња, Шупли Камен, Бедиње и Режановце.

    “Од оваа штета за граѓаните се однесува 5.7 милиони, а за инфраструктурни објекти 7.2 милиони денари. Во десетина дена два-три пати се излејаа Крива Река и Пчиња, Кумановка и Којнарка. Има оштетувања на локалните патишта и мостови“ - кажа Цоки Ристовски, претседател на општинска комисија за проценка на штети.

    Извештајот за проценка на штети помина на Совет, и истиот ќе биде доставен до Владата.