×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Поправена пругата во Романовце, од утре се нормализира железничкиот сообраќај

    04.05.2021 13:33 | KumanovoNews

    Пругата што беше оштетена во кумановско Романовце како резулатат на излизгување на товарниот воз од утре се става во функција.

    Поправена пругата во Романовце, од утре се нормализира железничкиот сообраќај

    Вработените во рекордно време ги отстранија вагоните и ја санираа штетата за да може меѓународниот транспорт на стока да се нормализира

    „Денеска сме на лице место кај Романовце каде претходната недела имавме инцидент со превртување на дванаесет товарни вагони при што беше оштетен голем дел од пругата на Коридорот 10. Околу педесетина луѓе овде работат деноноќно со цел што побрзо пругата да се стави во функција. Сакам да се заблагодарам јавно на сите вработени и сите останати што се вклучија и помогнаа во оваа работна акција која се одвиваше во изминативе неколку денови, за време на Велигденските празници, но и во време на Ифтар. Нашите очекувања се дека веќе од утре ќе се направат сите припреми да се врати во нормална работа оваа делница”, изјави министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, кој со директорот на ЈП ЖРСМ Инфраструктура, Хари Локвенец, извршија увид на санација на 250 метри пруга која беше оштетена.

    Според директорот Локвенец, оштетувањето на пругата е од голем обем, но санацијата е извршена во рекордно време.

    „Од композиција со дваесет вагони дури дванаесет беа превртени, но во овој момент сме кон крајот со реконструкција на овој дел од пругата. Во овие неколку празнични денови со ударна сила покажавме дека можеме да направиме подвиг. Саниравме 250 метри целосно нова пруга и Јавното претпријатие потврди дека може да работи и во кризни услови но и докажа дека има капацитет да ја заврши работата во рекорден рок”, изјави директорот на ЈП ЖРСМ Инфраструктура Хари Локвенец.