×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Поправени пумпите за вода за високата зона

    03.03.2014 15:28 | KumanovoNews

    Жителите од високата зона минатата недела имаа проблем со водоснабдувањето поради расипаните пумпи за вода кај Митев мост

    Поправени пумпите за вода за високата зона

    ЈП „Водовод„ викендов ги отстани дефектите на водоводната мрежа, кои предизвикаа недостиг на вода во повисоките зони на градот. Според директорот Горан Стојковски, проблем биле пумпите за вода и доводната цевка, преку кои се обезбедува вода за повисоките делови на градот и приградските населби.

     Наши екипи двa дена работеа на поправка на пумпите, но поради големиот притисок, пукаше доводната полиетиленска цевка. Во ФЗЦ „11 Октомври„ изработија 10 метарска челична цевка, која за викенд е сменета и од вчера водоснабдувањето во високите зони е нормализирано - изјави директорот Стојковски.

    Поради проблемите на пумпите неколку дена без вода целосно останаа жителите на населбите Карпош и Перо Чичо, додека во другите делови на градот вода имало повремено.