Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
По повеќе од една недела денеска повторно работат семафорите на крстосницата на улиците „Октомвриска револуција“ и „Пионерска“ , по пишувањето на Кумановоњуз.
Во последниве неколку години се почести се дефектите на семафорите, дали поради дотраеност или поради механички оштетувања од сообраќајни незгоди.
Поради тоа граѓаните на Куманово реагираат дека е загрозена безбедноста на возачите и пешаците, особено откако почна школската година.
Тие бараат фирмата задолжена за одржување на светлосната сигнализација по улиците редовно да ја сервисира, а надлежните да ја контролираат нејзината работа.