×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Поправено мовчето во Режановце, се чека одговор за патот

    14.09.2015 08:45 | KumanovoNews

    Мовчето во село Режановце делумно е поправено откако мештаните протестираа и побараа фирмата “Вибе“, која ја гради пругата кон Бугарија да ги санира штетите предизвикани од движењето на камионите.

    Поправено мовчето во Режановце, се чека одговор за патот

    Жителите на Режановце чекаат одговор од “Вибе“ за нивното барање да се санираат дупките на патот, кои се појавиле поради движењето на камионите. На “Вибе“ им даваат рок од два дена да одлучат што ќе прават со патот, а  ако останат глуви на нивното барање ќе протестираат повторно.

    Ако не сакаат да го поправат патот, ќе протестираме пред нивното седиште на улица “Индустриска“. Кој ова може да го трпи?Дневно поминуваа по 80 камиони по патот низ селото и шест куќи се со попуштени фасади, плус лета прашина насекаде. Мовчето пола е направено, една шахта е направена, останува уште една, но бараме и патот да биде поправен - рече Зоран Крстевски, претседател на месна заедница во село Режановце.

    Мештаните се револтирани затоа што им е уништен патот кој го граделе со самопридонес.