×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Поскапува бензинот БС-95, поевтинува eкстра лесното масло за домаќинство

    18.04.2023 14:31 | Сузана Николиќ

    Бензинот еуросупер-95 поскапува за половина денар, а за толку поевтинува екстра лесното масло за домаќинствата (ЕЛ-1) од ноќеска на полноќ, одлучи Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

    Поскапува бензинот БС-95, поевтинува eкстра лесното масло за домаќинство

    Новата цена на еуросупер-95 ќе изнесува 85 денари,  а на екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) 72,5 денари. 

    Поскапува и мазутот М-1 НС за 0,330 денари и новата цена ќе изнесува 41,409 денари за килограм.

    Не се менуваат цените на бензинот еуросупер-98 и на еуродизел (Д-Е V) и литар и натаму ќе се продава за 87 денари, односно 74 денари. 

    Со Одлуката на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,14 проценти во однос на одлуката од 10 април. 

    „Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 0,784 проценти, кај дизелот за 0,639 проценти, кај екстра лесното масло има намалување за 0,211 проценти и кај мазутот има зголемување за 1,245 проценти. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,164 проценти“, информираа од РКЕ.