×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Поскапува бензинот, цената на дизелот не се менува

    17.07.2023 14:49 | Сузана Николиќ

    Бензините и нафтата за домаќинствата од ноќеска на полноќ поскапуваат за 1,5 денари за литар, а цената на дизелот останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

    Поскапува бензинот, цената на дизелот не се менува

    Од РКЕ велат дека со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,45 отсто.

    Новата малопродажна цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 81,5 денари за литар, Еуросупер БС-98 ќе се продава за 83,5, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 71,5 денари за литар. Цената на Еуродизел (Д-Е V) и понатаму останува 72,5 денари за литар.

    Со одлуката на РКЕ за 0,585 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 42,369 денари.