Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Регулаторната комисија за енергетика, одлучи цените на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98, се зголемат за 0,50 ден/лит. Малопродажната цена на Еуродизел (Д-Е V), се зголемува за 3,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 1,00 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголемува за 0,977 ден/кг.
Од вечерва нафтените деривати ќе се продаваат по следниве цени:
- Моторен бензин - Еуросупер БС - 95 - 89,50 (денари/литар)
- Моторен бензин - Еуросупер БС - 98 - 92,00 (денари/литар)
- Дизел гориво - Еуросупер БС (Д-Е V) - 101,50 (денари/литар)
- Масло за горење - Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) - 97,50 (денари/литар)
- Мазут М-1 НС - 53,955 (денари/килограм)
Oд РКЕ напомнуваат дека станува збор за максимални цени, но дека секој трговец може нафтените деривати да ги продава и по пониски цени.