×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Поскапуваат бензините и дизелот

    15.03.2021 14:27 | KumanovoNews

    За денар до денар и половина се зголемуваат цените на нафтените деривати од ноќеска на полноќ, соопшти денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

    Поскапуваат бензините и дизелот

    Еуродизелот (Д-Е V) поскапува за еден денар, додека Еуросупетот БС-95 и Еуросуперот БС-98 и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) поскапуваат за 1,50 денар.

    Според тоа, новата цена на Еуросупер БС -95 ќе биде 67,50 денари за литар, Еуросупер БС -98 ќе се продава за 69,50 денари, а Еуродизел БС (Д-Е V) по цена од 57 денари за литар. Екстра лесното масло за домаќинство ќе се продава по цена од 46,50 денари за литар.

    Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,368 денари за килограм и сега ќе изнесува 36,211 денари за килограм.