Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Неугледната фасада на Поштата бр. 1310 во населбата „Перо Чичо“ е заменета со поштенски мотиви и содржини изработени од локални уметници од Куманово.
На четирите страни од фасадата на Малата пошта се насликани различни поштенски содржини кои, кои на самиот објект му даваат нова форма и изглед.
„Малата пошта е лоцирана на јавен простор опкружен со игралиште, зеленило и содржини за деца, но фасадата беше испишана со неугледни натписи, па група локални уметници од Куманово дошле на идеја да ја разубават фасадата со мурали. Идејата на Локалната иницијатива за осликување на Малата пошта со поштенски мотиви од современа и историска тематика беше од група млади уметници од населбата Перо Чичо, предводени од уметникот Дејвид Стоилковски“, соопштуваат од Центарот за современи уметности Скопје, кои овој проект го спроведоа со финансиска поддршка од Фондација отворено општество Македонија и во соработка со Македонски пошти.
Инспирацијата за оваа акција, како што велат, можеби била потсвесно скриена во изминатиот 18 месечен пандемиски период, кога всушност сите и лично се увериле во важноста на поштенскиот сервис и поштенските услуги.
(Фото: Никола Писарев)