Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
На Градскиот плоштад денеска беше поставена новогодишната елка. Елката е висока 9 метри и широка 3 метри, а ќе стои во паркот до фонтаната и споменикот на „Батко Ѓорѓија„.
Поради големината, при местењето, деловите беа подигани со кран.
Поставувањето на џиновската елка предизвика внимание и воодешување кај граѓаните.
За купување на елката и украсните сијалици, јавното претпријатие „Куманово-паркинг„ потроши 900.000 денари. Останува уште да се украси и да светне во сиот сјај за новогодишните празници.
Оваа година за првпат новогодишно Куманово ќе биде како во светските метрополи. Се надевам дека граѓаните ќе уживат во новогодишниот амбиент на градот- вели Маја Антевска-Додевска, помошник директор во ЈП „Куманово-паркинг„.