×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Постигнат договор помеѓу сточарите и АХВ, ќе се укине карантинот и ќе се нормализира пазарот на свињи до Велигден

    23.03.2023 14:05 | Оливера Пешевска

    Во наредните две недели да се укинат карантин-мерките за заштита од африканска чума и да се нормализира пазарот на свињи до Велигден, е договорено на синоќешниот состанок на претставници од Агенцијата за храна и ветеринарство и сточарите од селата Љубодраг, Ново Село, Умин Дол и Тромеѓа, кој се одржа во Куманово.

    Постигнат договор помеѓу сточарите и АХВ, ќе се укине карантинот и ќе се нормализира пазарот на свињи до Велигден

    „За најмногу 15 дена ветеринарните инспектори треба да изготват записници кај сите одгледувачи и потоа можеме да очекуваме донесување на позитивно решение за чување на прасиња и свињи. Решенијата за еутаназија и уништување на сточниот фонд ќе се повлечат. Некаде до Велигден ќе проработи и сточниот пазар во Долно Којнаре. Кај фармите ќе мора да се испочитуваат сите заштитни мерки - дезобариери на влезовите, заштитна ХТЗ опрема при посета на животните, посебни и чисти поилки, да се чуваат во затворен и санитарно чист простор, за што оние одгледувачи кои се квалификувани како фарми ветија дека во целост ќе ги испочитуваат“, изјави Бобан Лазиќ,претседател на МЗ Љубодраг.

     Мерките за заштита од африканска чума единствено не се укинати во Општина Куманово, додека во другите региони и од страна на сточарите и од страна на агенцијата се преземени сите потребни мерки и таму дозволено е чување и тргување со сточниот фонд.

    „Во кумановско, во уште две населени места се на сила мерките, но по нивно завршување ќе се укинат сите забрани и ограничувања.Има добра воља има кај населението, обештетување за одземените животни ќе има и тоа по економски цени. Македонија е узвозно независна од свежо свинско месо, благодарејќи и на малите индивидуалник производители и големите фарми“, истакна пред почетокот на сотстанокот Николче Бабовски, директор на АХВ.

    Договорот меѓу двете спротивставени страни е постигнат по неколкудневните протестите во селото Љубодраг, на кој се приклучија и одгледувачи и домаќинства од сите населени места на територијата на Куманово.

    Протестите беа организирани против одлуката за уништување на свињите донесена од инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство, откако пред шест месеци беше откриен случај на африканска чума кај еден одгледувач.