×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Постуденото време носи се поголема загаденост на воздухот во Куманово

    22.11.2022 11:27 | Оливера Пешевска

      Магливите и постудени утра го запалија алармот кај кумановци  за загадување на воздухот  во градот.  Се повеќе се чувствува „тешкиот“ воздух, а  слабиот ветер и малото количество на  врнежи ја зголемуваат концентарцијата на штетни честички во водухот.

    Постуденото време носи се поголема загаденост на воздухот во Куманово

    Според параметрите од мерните станици во градот, моментално во црвена зона со голема загаденост е приградската населба Гоце Делчев,која е населена претежно со семејни куќи. Мерната станица на ОУ Кочо Рацин покажува концентрацијата на ПМ 2,5-291мг/м3 и на ПМ 10 честички 296 мг/м3 и е во категоријата „нездраво“. И податоците од СОУ Наце Буѓони не се охрабрувачки-ПМ 2,5-273мг/м3 и ПМ10-278мг/м3. Станиците на Занаетчискиот дом, Противпожарната станица и на Домот за стари лица Зафир Сајто покажуваат умерено добар квалитет на воздухот, со ниска концентрација на штетни честички. Јаглеродот моноксид ,пак, е зголемен и е рангиран како „опасно“ на двете црни точки во градот. Другите параметри се во зелената зона како „добри“.

    Резултатите од мерната станица инсталирана во кругот на ЈЗУ Општа болница Куманово, пак, не се достапни на официјалниот сајт на Министерството за животна средина и просторно планирање.

    Во моментот мерната станица во Куманово е исклучена поради настанат дефект на логерот за собирање на податоци во станицата. Министертвото за животна средина прави напори за  замена на неисправниот дел. По завршување на постапката за набавка, се очекува во најскоро време податоците да бидат достапни на јавноста“ стои во одговорот на министерството.

    Општина Куманово има поставено 6 мерни станици, стратешки распоредени низ градот на кои секојдневно ги бележи мерењата.  Александра Георгиевска Протиќ, советник за заштита и спречување на загадување на водата, земјиштето и заштита на природата во општината, објаснува дека една од станиците не е функционална од технички причини, но другите 5 редовно работат и податоците се јавно достапни.

    Тие можат да се проверат на официјалниот сајт на Општина Куманово или на ecodata.live“, ни посочи Георгиевска Протиќ.

    Годинава се потенцира дека загадувањето може да биде и поголемо, во однос на изминатите години, поради високата цена на струјата  и енергетската криза, што предизвика голем број на потрошувачи да се префрлат на цврсто гориво или мазут за затоплување.

    Високата концентрација на штетни честички во возухот може моментално да се почуствува кај лицата под ризик и кај бебињата,  а останатите се под ризик при продолжена изложеност. ПМ2,5 и ПМ10 честичките може да доведат до кашлање или отежнато дишење,влошена астма или развивање на хронични респираторни болести.Од другите симптоми може да се манифестираат печење на очите,надразнето грло,кашлици и отежнато дишење.