×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Поткозјачки литературни средби во Куманово

    16.11.2019 09:01 | KumanovoNews

    Во Занаетчискиот дом во Куманово, вечерва со почеток во 19 часот, ќе се одржи литературната манифестација  Поткозјачки литературни средби 2019, во рамките на "Ноемвриски денови"-Ден на ослободување на Куманово, како и јубилејот  500 години постоење на Куманово.

    Поткозјачки литературни средби во Куманово

    На Поткозјачките литературни средби 2019 свои литературни дела ќе читаат: Ирена Белешковска, Оливера Доцевска , Емилија Колевска , Ана Љубиќ , Марина Мијаковска, Ленче Милошeвска, Давче Насевски , Кристина Николова, Мишел Павловски, Христо Петрески, Елена Пренџова, Мито Спасовски, Снежана Стојчевска, Стојан Тарапуза, Љерка Тот Наумова.

    Во програмата ќе настапи гитаристот  Дарко Трајковски и мадите актери Мики Јаневски и Симона Атанасовска.

    Оваа литературна манифестација е под покровителство на: Градоначалник и Општина Куманово, во организација на "Јустиција" Куманово и "Центар за култура и културолошки студии" Скопје, во соработка со  ЈОУ Библиотека "Тане Георгиевски" Куманово,  Секторот за култура и спорт  при Општина Куманово и Фондацијата за култура и спорт.