×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Потребна е итна интервенција за спас на манастирскиот комплекс во Матејче, кажа министерката за култура

    02.03.2022 21:17 | Сузана Николиќ

    По последните вандалски оштетувања на кровот на црквата, „Успение на Пресвета Богородица", во Матејче му се потребни итни превентивни интервенции усогласени со сите субјекти на централно и локално ниво, кажа министерката за култура Бисера Костадиновска – Стојчевска, која денеска го посети манстирскиот комплекс во општина Липково.

    Потребна е итна интервенција за спас на манастирскиот комплекс во Матејче, кажа министерката за култура

    Црквата во Матејче од почетокот на годината два пати беше мета на крадци, кои го извадија оловото од покривот. 

    Во увидот на состојбата биле и градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски, директорот на (УЗКН) Ариан Арсланај и директорот на Националниот конзерваторски центар(НКЦ), Мемет Селмани.

    „Само во заедничка координација, преземените мерки и заштитни интервенции ќе имаат подолготраен ефект и ќе ја обезбедат потребната заштита“, вели Костадиновска-Стојчевска.

    Таа кажа дека се работи на изнаоѓање на соодветно решение за црквата и целиот манастирски комплекс да се ревитализира и да се стави во функција на посетителите.

    Mанастирскиот комплекс „Успение на Пресвета Богородица“ кој се наоѓа во атарот на селото Матејче, претставува културно наследство од највисока вредност, а црквата во овој комплекс од средината на XIV век го содржи најобемниот фрескоансамбл на наша територија.
     
    Црквата е еден од најзначајните објекти во Македонија и нејзината грандиозна и велелепна архитектура може да се спореди само со црквата „Света Софија“ во Охрид. Меѓутоа, црквата се ноаѓа во очајна состојба откако во неа беше сместен штабот на УЧК во 2001 година. Во воениот конфликт голем дел од црквата беше уништен, фреските оштетени, а одмаралиштето разурнато и запалено.

    Кражбата на оловото случајно ја открија ловџии, кои биле во планината и пријавиле во полиција

    „Го извадиле оловото и од двата свода, останало само на куполата. Таму каде што не можеле лесно да ги откорнат плочите ги ваделе со копач. Уште им стои скалата на која се качувале, ја врзале со јаже за да не им падне. Ќе се вратат да ја довршат работата, нема кој да им смета“, велат револтирано ловџиите, кои тогаш не контактираа.  

    Тие јавно ги повикаа надлежните институции и полицијата да не го игнорира дивеењето на поединци и да преземат ништо да го заштитат културното наследство на државата.