ОИК ги потврди листите за градоначалник и советници во Куманово

16.09.2021 17:46 | Сузана Николиќ

Потврдени се сите кандидатури за градоначалник и листи на советници кои беа поднесени до Општинската изборна комисија (ОИК) во Куманово. На престојните локални избори во Куманово ќе се тркаат петмина кандидати за градоначалник и 13 советнички листи. 

ОИК ги потврди листите за градоначалник и советници во Куманово

За градоначалничката функцијата ќе се тркаат:

1. Оливер Илиевски - СДСМ
2. Тони Михајловки - ВМРО-ДПМНЕ
3. Максим Димитриевски - независен кандидат
4. Теодора Димитровска - ЛДП и ДОМ
5. Беким Салиу - Алијанса на Албанците и Алтернатива

За пополнување на 33 советнички места во Советот на Општина Куманово има 13 кандидатски листи. Од нив 10 се политички партии и три граѓански иницијативи. Дури 7 жени се носителки на листите, вклучувајќи ги и најголемите партии. 

Носители на листите за советници се:

1. Атина Мургашанска - СДСМ
2. Елена Доцевска Божиновска - ВМРО-ДПМНЕ
3. Ивана Ѓорѓиевска - независна листа „За наше Куманово“
4. Арта Мехмети Адеми - ДУИ 
5. Виолета Арсовска - Интегра и Мак
6. Сунчица Павлова - Единствена Македонија  
7. Сузана Ѓорѓевиќ - независна листа „За чисто и хумано Куманово“
8. Никола Лазаревски - Левица
9. Хуљуси Асипи -  Беса
10. Валентин Ефремовски - ЛДП и ДОМ
11. Милош Стаменковиќ - независна листа „Фронт за урбано Куманово“
12. Аљиљ Куртиши - ДПА
13. Дритон Сулејмани - Алијанска на Албанците и Алтернатива

Од ОИК велат дека кандидатите за градоначалници и советнички листи ја поминале нивната проверка и ќе учествуваат на локалните избори на 17 октомври.

2008 - 2021 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk