Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Од јули годинава згрижувачките семејства ќе добиваат за 25 отсто повисок надомест.
Ова е регулирано со најновите измени на Законот за социјална заштита, со цел повеќе граѓани да се одлучат да станат згрижувачи. Ако згрижувач згрижил дете без родители и родителска грижа, надоместокот досега изнесуваше 6500 денари, а со зголемувањето истиот ќе изнесува 8125 денари. Доколку згрижувачот згрижил дете со воспитно-социјални проблеми на училишна возраст, надоместокот за згрижување досега изнесуваше 7500 денари, а со зголемувањето истиот ќе изнесува 9375 денари.
Ако згрижувачот чува лице со умерени и тешки пречки во менталниот развој и лице упатено на оспособување за работно- производна активност, лице со најтешки пречки во менталниот развој, лице со трајна телесна попреченост, старо лице, возрасно лице со телесна попреченост, како и возрасно лице со пречки во менталниот развој, надоместокот за згрижување изнесуваше 8.500 денари, но со зголемувањето истиот ќе изнесува 10.625 денари.