×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Повик до младите креативци да пријават свои проекти во Центарот за култура

    03.02.2023 12:21 | Ивана Алексовска

    Од Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ ги повикуваат младите креативни кумановци кои имаат квалитетна идеја, проект или  уметнички перформанс, да ги пријават кај нив и заедно да ги реализираат.

    Повик до младите креативци да пријават свои проекти во Центарот за култура

    „Дали тоа ќе биде концерт, изложба, промоција на книга или било каков уметнички перформанс, имаат можност да дојдат во Центарот за култура, и ние со наши средства колку сме во можност ќе им помогнеме сето тоа да се изрекламира и реализира се со цел
    да имаат убав настан со кој ќе се сеќаваат и ќе го види пошироката публика“, рече Сашо Тодоровски, директор во НУЦК „Трајко Прокопиев“.

    За претходниот повик за волонтирање во Центарот за култура има интерес од младите, па надлежните се надеваат дека овој повик ќе побуди желба за соработка.

    „Се пријавија неколку млади луѓе, ние се надеваме дека бројката ќе се зголеми. Целта е да се запознаат со работата на настаните во Центарот за култура, да волонтираат, да ни помогнат и на нас и да се стекнат со драгоцено искуство кое сум сигурен дека ќе имаат придобвка и дека ќе им значи за во иднина“, додаде Тодоровски.