Повик за проекти за фондот на УНЕСКО
12.02.2015 13:40
| KumanovoNews
Министерството за култура – Националната комисија за УНЕСКО на Република Македонија, информира дека до 15 април 2015 година заинтересираните национални, јавни институции и здруженија на граѓани можат да поднесат предлог-проекти за реализација на културни активности.

Предлог - проектите треба да бидат во согласност со одредбите на Конвенцијата на УНЕСКО за заштита и унапредување на разноликоста во културните изразувања. Предлог - проектите треба да се поднесат директно на новата интернет-платформа за УНЕСКО.
Јасни и прецизни информации можете да најдете на интернет страната на Meѓународниот фонд на УНЕСКО за културна разноликост.