×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Повисоки цени на горивата од половина до еден денар по литар

    15.05.2023 19:36 | KumanovoNews

    Цената на дизел горивата од ноќеска на полноќ се зголемува за еден денар за литар, а бензинот еуросупер-95 поскапува за половина денар, додека цената на еуросупер БС-98 останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). 

    Повисоки цени на горивата од половина до еден денар по литар

    Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,6 отсто.

    Новата малопродажна цена на еуросупер БС - 95  ќе биде 77,5 денари за литар, еуросупер БС – 98 ќе се продава за  79,5, еуродизел БС (Д-Е V) за 67,5, а екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) за 66,5 денари за литар.

    Со одлуката на РКЕ, за 0,273 денари за килограм се намалува малопродажната цена на Мазутот и ќе изнесува 38,882 денари.

    Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 0,761 отсто, кај дизелот за 2,455 и кај екстра лесното масло за 2,227 отсто, додека кај мазутот има намалување е за 1,217 отсто.