×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Повисоки плати за 10 отсто и К-15 од 10.000 денари ќе добијат вработените во јавниот сектор

    12.07.2023 11:02 | KumanovoNews

    Вработените во јавниот сектор од септември ќе добијат повисоки плати за 10 отсто, а до декември и исплата на по 10 илјади денари К-15 за 2023, сооопшти Владата.

    Повисоки плати за 10 отсто и К-15 од 10.000 денари ќе добијат вработените во јавниот сектор

    Ова е решение кое го постигнале на вчерашниот состанок со синдикатите во земјава, а ќе биде доставено до Економско-социјалниот совет, каде во текот на наредните денови се очекува да биде усвоено.

    Покрај ова постигнат е и договор за системско покачување на платите во јавниот сектор, преку методологија која ќе го реши овој децениски проблем. Новата методологија за пресметка на плати во јавниот сектор, која ќе биде дел од општиот колективен договор, ќе се добива од просечната плата помножена со коефициент и ќе се пресметува од март 2025 година.

    „Со ова, по 17 години ќе се донесе нов Општ Колективен договор со кој се внесува системско решение за платите во јавниот сектор кое ќе гарантира раст на платите беа политички калкулации. Во општиот колективен договор, според вчерашниот договор, ќе биде дефинирана и исплата на минимум износ на регрес за годишен одмор во износ од 30% од просечната нето плата“, вели Владата.

    Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска најави дека од 2024 година К-15 ќе изнесува најмалку 30 % од висината на просечната плата од изминатата година.