Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Полициската станица во Крива Паланка вчера околу пладне било пријавено дека во Итна медицинска помош Крива Паланка со повреди бил донесен Т.С.(63) од Крива Паланка.
Според пријавеното, тој се здобил со повредите на работното место при изведување на градежни работи на патот во изградба Ранковце-Крива Паланка. За настанот бил известен Јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од ОВР Крива Паланка.