Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Едно лице се здобило со повреди откако во него удрило комби додека се движел по мостот на реката „Пчиња“ во атарот на селото Војник, општина Старо Нагоричане.
„Несреќата се случила вчера во 05.30 часот на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка, на мост од река Пчиња, атар на с.Војник, општина Старо Нагоричане, кога товарно моторно возило „фолксваген“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.Т.(65) од с.Петралица, општина Ранковце удрило во В.Т.(87) од с.Војник“, соопшти МВР.
Во несреќата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.