Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Едно лице е повредено во сообраќајна незгода на регионалниот пат Куманово-Свети Николе.
Незгодата се случила вчера во 14 часот на крстосница од регионалниот пат Куманово-Свети Николе и ул.„Студена Вода“ во с.Доброшане, кога патничко возило „ауди“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ј.А.(21) од с.Доброшане удрило во велосипед, управуван од Е.Ц.(41) од Куманово.
Во несреќата, велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Ургентниот центар во Куманово.
Извршен бил увид на местото од увидна екипа од СВР Куманово.