Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
69-годишна жена е повредена во сообраќајна незгода синоќа на крстосницата од ул.100 и ул.101 во Куманово.
Незгодата се случила во 17.55 часот кога патничко моторно возило „опел“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 48-годишен кумановец, удрило во Д.Т. (69) од Куманово.
Во несреќата жената се здобила со тешки телесни повреди, кои и биле констатирани од лекар во Општата болница Куманово.
За настанот е запознаен Јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово.