Повредена девојка и мотоциклист, ноќеска две сообраќајки на „Октомвриска“
08.05.2023 08:20
| Сузана Николиќ
Две лица се поврeдени во две одделни сообраќајни несреќи кои се случиле ноќеска на булеварот „Октомвриска револуција“ во Куманово.

Според информацијата на Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК), првата сообраќајка била предизвикана во 23.10 часот помеѓу автомобил и моторцикл. Повредениот мотоциклист е пренесен на хируршкото одделение во Куманово.
„Во вториот случај во 23.20 часот на ул. Октомвриска револуција, кај зелениот пазар, на пешачки премин е прегазено девојче од 17 години и истото е пренесено на хируршко оделение во Општа болница Куманово“, соопшти РЦУК.