Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Четириесетгодишна жена се здобила со повреди откако ја удрил автомобил „бмв“ со кој управувал 22-годишник од кумановско село.
„Во 07.45 часот во СВР Куманово било пријавено дека на крстосница од ул. „11 Октомври“, ул.“Доне Божинов“ и Плоштад „Нова Југославија“ во Куманово, патничко моторно возило „бмв“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 22-годишник од кумановско, удрило во А.С. (40) од Куманово“, соопштува МВР.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.С. констатирани во Општата болница во Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.