Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Малолетничка од Куманово, која управувала мопед е повредена по судир со автомобил.
Несреќата се случила вчера во 16.35 часот, на крстосница од ул.„Тоде Мендол“ и ул.„Перо Илиевски“, помеѓу мопед „априлиа“ и патничко возило „фолксваген голф“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од В.К.(25) од Куманово.
Покрај малолетничка, која го управувала мопедот со неа се возела уште едно 13-годишно девојче, соопштува МВР.
По незгодата, малолетничката била пренесена во Општата болница Куманово, каде ѝ биле констатиранни тешки телесни повреди.
Увид на местото на незгодата извршила екипа од СВР Куманово.