×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Повторно не работат семафорите кај „Рим-Париз“

    22.11.2024 09:35 | Оливера Пешевска

    Не работат семафорите на раскрсницата помеѓу Трета МУБ и „Народна револуција“. Ова раскрсница стана најпроблематична во градот, семафорите често е во дефект, за поправка поминува долго време, за набрзо повторно да се исклучат.

    Повторно не работат семафорите кај „Рим-Париз“

    „Почесто не работат, отколку што работат. Се вози брзо, јас не верувам дека некој знае кој има предност кога е нерегулирана, па се минува по принципот кој ќе се залета- прв ќе помине. Страшно е, деца минуваат за на училиште- средношколци, но и деца од основните училишта. Не дај Боже да се случи нешто страшно. Значи и во „мрачните“, сиромашни 90-ти се знаеше ред, ова сега, немам зборови“, коментира 55- годишниот Т.А., кој живее во зградите и има поглед кон раскрсницата.

    На ова раскрсница на почетокот на јуни беа монтирани нови семафори, откако старите беа оштетени во сообраќајна незгода. Од тогаш во повеќе наврати е пријавувано дека се исклучени и не функционира светлосната сигнализација. Пред само три недели, кон крајот на октомври семафорите на ова раскрсница беа нефункционални, за да се поправата некаде на почетокот на месецот.

    Жителите на Куманово како можно решение предлагаат барем во најфреквентниот дел од денот полицајци да го регулираат сообраќајот, но дека и зајакнати контроли нема да се на одмет.

    Општина Куманово за одржување на семафорските раскрсници на годишно ниво плаќа повеќе од 16 илјади евра на „Електро софт инженеринг ДОО“ од Скопје. Договорот е склучен на една година, а услугите треба да се извршуваат или по налог од договорниот орган или по утврдување на состојбата со континуирано следење на функционалноста на семафорите.