Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Исчистени се триесетина диви депонии во Куманово и кумановско во последните два месеци, колку што трае акцијата на ЈП „Чистота и зеленило“.
Градежен шут, кабаст отпад, пластика, но и отпад од органско потекло се изнесуваа од улицата „Доне Божинов„, „Диво насеље“, централното градско подрачје и други добро познати локации. Овј пат е работено и во селата Клечовце, Тромеѓа и други.
„Додека исчистиме една се формираат нови депоние на веќе исчистените места или нови. Значи навистина како да се бориме со ветерници. Завршена е, исчистена и сметот е изнесен од депонијата во близина Спомен костурницата, на улицата Доне Божинов. За некој ден ќе завршиме и на најголемата депонија спроти маркетото Туш. Ќе видиме до кога ќе остане чисто, не верувам дека долго ќе ја задржиме сликата на средено, урбано место“, изјави директорот Даниел Стојчевски.
Тој велид ека традиционално во текот на летниот период претпријатието има зголемен обем на работа. До крајот на јуни собрани се над 11 илјади тони смет, но во текот на летните јули и август бројката на дневно количество на смет се зголемува за 25 до 30 насто.
„Просечно дневната количина на соберен смет е 80 до 100 тони, но во текот на јули и август има денови кога надминуваме и 120 тони дневно. Во тој период редуциран е и бројот на работници, поради годишните одмори, имавме летово и скоро тринеделен интервал кога не извршувавме работа на отворено за време на топлотниот бран. Успеавме да се координираме, да ги завршиме успешно предвидените активности, надвор од секојдневните“, истакнува Стојчевски.
Од „Чистота и зеленило“ упатуваат апел до жителите отпадот да се одлага на точно утврдени и добро познати места, и никако да не се дозволи повторно формирање на диви депонии.