Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Пожарот во кумановското село Мургаш повторно е активен, откако околу пладне бил ставен под контрола. Од Територијалната противпожарна единица Куманово, велат дека тие во текот на ноќта и утринава го изгаснале пожарот, но добиле дојава од мештаните дека тој повторно се разгорел.
„Состојбата се менува од час во час. Повеќе не сме сигурни во ништо. Пожарот беше целосно изгаснат предпладне, сведоци се и мештаните што гасне со нас, но во меѓувреме пак се запалил. Не ни е јасно што се случува. Повторно сме на терен на потегот помеѓу селата Мургаш и Горно Јачинце“, вели Деан Илиевски, комантир на ТППЕ.
Тие ќе останат на терен додека повтоно не го стават пожарот под контрола.