Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Градскиот Базен во Куманово од вчера /15 октомври/ престана да работи. Од ЈП „Чистоти зеленило“, кое стопанисува со овој спортски објект, објави дека затворањето е поради високите сметки за струја и за гас.
„Се надеваме на брзо нормализирање на економската криза и повторно отворање“, се вели во објавата на претпријатието.
И пливачките клубови кои работеа во базенот излегоа со слично соопштение дека прекинуваат со работа, заради неможност да се одржат тренинзите.
Ова е второ затворање на базенот од почетокот на годината. Првото беше во средината на јануари и траеше 3,5 месеци. Базенот беше отворен во мај, со објаснување дека водата ќе се загрева на соларните панели.
Во меѓувреме поскапи цената на билетите од 50 до 100 отсто.